Резултати за пребарувањето: вол

недозволен | прид.

Што не е дозволен; забранет. Недозволен увоз. Недозволена трговија. Недозволено однесување. Се служи со недозволени средства.

одоброволи | св.

Направи некој да има добро расположение; орасположи. Го одоброволија да соработува. Тој ја зазборува колку да ја одоброволи.

полуволнен | прид.

Волнен со други примеси, не чисто волнен. Полуволнен шал. Полуволнена ткаенина. Полуволнен џемпер.

предоволен | прид.

Што е повеќе од доволен. Предоволна заштеда.

произволен | прид.

Што е без факти, без докази; неоснован. Произволно тврдење. Произволни конструкции.

револврист | м.

Добар, вешт стрелец со револвер. Тој е најдобриот револверист во нашата група.

револтиран | прид.

Глаголска придавка од револтира.

револуција | ж.

Целосна, коренита, длабока промена во општествените и во економските односи изведена со насилни средства, која се јавува како резултат на претходни дејства, несогласувања, незадоволство и сл. Социјалистичка револуција. Перманентна револуција. Пролетерска револуција. Секоја еволуција настанува со револуција.