Резултати за пребарувањето: вол
дозвола | ж.
Усна или писмена согласност за нешто, за вршење некоја работа; одобрување. Пилотот побара дозвола за слетување. Без писмена дозвола не можете да влезете на собранието. Доби дозвола од родителите да оди во кино. Возачка дозвола. Дозвола за увоз на стока.
доволно | прил.
Во доволна мера, онолку колку што е потребно. Знаеше дека син му е доволно умен за да знае да се снајде. Мислам дека не ја сакаше доволно. Има доволно храна за сите.
суволик | прид.
Што е сув, слаб, испиен во ликот. Еден суволик човек влезе во кафеаната.
доволен | прид.
Што е во онаа мера колку што е потребно; достатен. Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат. Јас не сметав дека таа казна му е доволна. Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне. Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа.
неволја | ж.
волниот
Зборот е поврзан со:
неволен 1 | прид.
Несреќен, беден, што е за жалење. Им помагаше на болните и неволните.
волумен | м.
(мат., физ.) Просторот што го зафаќа некое тело; зафатнина. Волумен на коцка. Волумен на тело.
дволичи | несв.
Пројавува дволичност, лицемери. Дволичи со зборови.
волници
Зборот е поврзан со: