Резултати за пребарувањето: газ

газоза | ж.

Вид газиран безалкохолен пијалак. Тој пак прошетува низ чаршија, се напива една газоза и продолжува.

вгазат

Зборот е поврзан со:

газлец | м.

Долно лежиште на воденичко вретено. Газлецот на вретеното се скрши.

газира | св. и несв.

Додаде, додава јаглерод диоксид во вино, во безалкохолен пијалак и сл. Минералната вода ја газираат и ја пакуваат.

газдин | прид.

Што му припаѓа на газда. Газдина куќа.

магаза | ж.

магацин_1

газала

Зборот е поврзан со:

газија | ж.

Гас во течна состојба што се користи за осветлување; петролеј. Нека светка ламбата, не карабитната, туку онаа на газија.

загази | св.

Почне да гази; гази Загазив во студената вода. Тој загази во снегот. Загази по дебелата волнена простирка.

газиен | прид.

Што се однесува на газија. Газиена ламба.