Резултати за пребарувањето: г
шуга | ж.
Заразна кожна болест проследена со исипување на делови од телото кај човекот и кај животни; краста1 Шугата се лекува бргу со соодветен третман.
гнил | прид.
За органски материи – што го завршил процесот на гниење, распаѓање под дејство на микроорганизми. Гнило овошје. Гнило дрво.
ваги
Зборот е поврзан со:
габи
Зборот е поврзан со:
гени
Зборот е поврзан со:
гнои | несв.
За рана – се исполнува со гној, станува гнојна. Прстот ми гноеше.
грла
Зборот е поврзан со:
гној | м.
Густа жолтеникава течност што се создава при воспаление или при гниење на дел од човечки или од животински организам. На раната се гледаше гној.
благ | прид.
Што е со сладок вкус. Благ чај. Благи пијачки. Тиква блага како шеќер. Благо кафе. Круши благи како мед.
гуна | ж.
Селска топла горна облека сошиена од шајак. Нашиот селски терзија шиеше селски гуни, џамадани, бечви и др.