Резултати за пребарувањето: дом
домеси | св.
Заврши со месењето. Го домесив тестото.
задоми | св.
Ожени син, омажи ќерка, создаде семејство. Ќерката ја задомија минатата година. Ги задомив и двата сина.
домино | ср.
(само едн.) Вид игра со правоаголни плочки кои на едната страна се обележани со различен број точки.
домота | св.
Мота, намота до крај. Ја домотала и последната мотаница со преѓа.
домака | св.
Заврши со макањето. Го домака јадењето во чинијата.
домава | св.
Престане со мавањето. Домавал со прачката по грбот на магарето и седнал.
домери | св.
Заврши со мерењето, измери до крај. Домери ги вреќите со брашно.
домеша | св.
Меша, измеша сѐ, до крај. Ја домешав салатата.
домрда | св.
Престане да мрда. Врапчето мрда, мрда и домрда.
кондом | м.
Гумена навлака што служи за заштита од венерични болести или од несакана бременост; презерватив.