Резултати за пребарувањето: еж
дежура | несв.
По распоред, надвор од редовното работно време, надгледува, бдее над некого или над нешто во определен временски период. Останав надвор да дежурам.
врлежи
Зборот е поврзан со:
татнеж | м.
а) Силен и долготраен звук кој одекнува при грмење, експлозија и сл. Трештат татнежи и громови. Одекнуваат силните татнежи од експлозиите на мините. Ги разбуди татнеж на топови. б) Силен звук при работа на машина, удари на тркала и сл.; удирање. Трамвајот со силен татнеж профучи крај нив. Татнежот на тапаните пројачи низ доловите. Татнежот на брановите. в) Придушен, тап звук при чекорење, од врева и сл. Оддалеку го познава татнежот на неговиот коњ. Неговиот глас се изгуби во татнежот на чекорите и вревата.
трпнеж | м.
Силна возбуда од нешто, чувство на трпнење. Студен трпнеж низ целата снага. Боцкави трпнежи во подноктиците на рацете. Трпнеж му заигра под окото.
ламтеж | м.
Силен стремеж кон нешто.
полежи | св.
Лежи малку, кратко време;
бесеже | ср.
Вакцина против туберкулоза според француската скратеница БСГ; Bacil Calmette-Guerin. Новороденчињата веднаш примаат бесеже.
отежне | св.
Стане потежок од порано. Тутунот отежнал од влагата. Детето отежнало од многу јадење и лежење.
стежне | св.
Стане тежок, потежок; натежне, отежне.
одежда | ж.
Облека на свештениците. Свештеничка одежда.