Резултати за пребарувањето: еж
режовит | прид.
За пијалак ‒ што реже. Режовита боза. Режовито вино.
извежба | св.
Стекне вештина во нешто со редовно повторување на определена работа, со вежбање. Ја извежба добро својата улога во претставата.
свежост | ж.
Својство на тоа што е свежо; Пријатна свежост. Градите им се полнеа со свежост.
прежива | несв.
За некои тревопасни животни ‒ повторно ја џвака храната вратена од желудникот, преџвакува. Стоката преживаше на полјаната. Кравата преживаше сено.
врежи
Зборот е поврзан со:
освежен | прид.
Што е свеж, изладен, чист, со обновена сила, енергија. Од бањата се врати освежена.
опснежи | св.
Прекрие со снег.
опсежен | прид.
Што има голем опсег, опширен, обемен. Авторот дава опсежен преглед на животот и делата на поетот. Самата тема беше предмет на опсежна дискусија.
вжежува | глаг. несв.
Зборот е поврзан со:
заснежи | св.
Почне да снежи, да врне снег. Надвор заснежи.