Резултати за пребарувањето: зоб

зоб | ж.

(бот.) Вид житно растение што служи како добиточна храна, обично за коњите; овес.

зоба | несв.

За добиток – јаде зоб, се храни со зоб. Коњот зобаше од дрвеното корито.

озоба | св.

Изеде со зобање, иззоба. Коњите го озобале зобот.

зобне | св.

За добиток – касне малку зоб. Коњот зобна само малку од зопта.

зобник | ж.

Торба за зоб што му се става на коњот преку глава кога се храни со зоб. Тргна кон зобниците за да го нахрани коњот

иззоба | св.

Со зобање изеде до крај, целосно. Го иззоба грозјето.

назоба | св.

За коњ и сл. – нахрани со зоб. Треба да ги назобаме коњите.

зоблив | прид.

Што е како зоб, тешко се вари, и кога е сварено, зрното е тврдо. Зоблив грав. Зоблива леќа.

дозоба | св.

Заврши со зобањето. Коњот го дозоба овесот.

позоба | св.

Зоба малку, кратко време. Коњот позоба малку и се тргна настрана.