Резултати за пребарувањето: име

имела | ж.

(бот.) Полупаразит со жолтозелени цветови и бели плодови кај широколисните и иглолисните дрвја; Viscum.

имено | мод.

Всушност. Тоа произлегува имено од нивните ограничени сфаќања.

именка | ж.

Полнозначен збор што именува предмет, суштество, поим. Сопствени именки. Апстрактни именки. Конкретни именки.

вимест | прид.

Што личи или има форма на виме.

тример | м.

Дел од фризерски прибор со вграден жилет за дотерување, скратување коса.

пример | м.

Дејство, појава, постапка и сл. што се смета достојно за поддржување, за следење, што може да послужи како образец. Тој беше дете за пример. Тргнаа по мојот пример.

именит | прид.

Што е нашироко познат, прочуен, значаен. Тој бил познат, именит и прв!

именик | м.

Книга со список од имиња обично по азбучен ред. Телефонски именик.

имењак | м.

Човек што има исто име со некој друг. Подобар си од твојот имењак по којшто си го добил името.