Резултати за пребарувањето: инка

моминка | ж.

Ситни меурчиња (од појака ракија) што се фаќаат по работ на шишето, ако се затресе. Венец моминки од најбистра ракија. Венецот моминки долго се држеше.

саѓинка | ж.

Овца или крава што има темна боја, со боја на кожата слична на саѓи.

дудинка | ж.

Плод од дуд;

калинка | ж.

Овошно дрво со ниско стебло или поголема грмушка, разгрането и трнливо, со ситни, долгнавести листови, големи, црвени цветови и големи тркалезни плодови со дебела црвено-зеленикава кора во чијашто внатрешност има голем број ситни, црвени и сочни зрнца со пријатен вкус; Punica granatum. Земјата раѓа калинки и смокви. Во секој двор имаше по две-три дрвја калинки.

заринка | св.

Навлезе, се забоде во нешто. Бродот заринка на брегот.

новинка | ж.

Дем. од новина.

вишинка | ж.

Ритче, издигнато место во однос на околината. Селото се наоѓаше на една блага вишинка опкружено со овоштарници и лозја.