Резултати за пребарувањето: крст
крстици
Зборот е поврзан со:
скрстен | прид.
Што е поставен на крст, обично за раце, нозе и др. Скрстени раце. Скрстени нозе.
крстопат | м.
Место каде што се вкрстуваат два или повеќе патишта; распаќе, раскрсница.
раскрсти | св.
Раскине односи со некого; заврши со нешто, стави крај на нешто, престане да соработува или да другарува со некого. Јас раскрстив со семејството, ама раскрстив и со пиењето. Таа раскрсти со старите навики.
покрстат
Зборот е поврзан со:
крстобол | м.
Болка во крстот; болест на крстот. Го фати крстоболот и го фрли в постела.
некрстен | прид.
Што не е крстен, што уште не добил име. Некрстено дете.
накрстен | прид.
Што има облик на крст. Накрстен пресек. Накрстен оган.
крстачка | ж.
Вид шамија со крстати шари, дел од народна носија.
прекрсти | св.
Стави на крст раце, нозе. Ги прекрсти рацете. Седна и ги прекрсти нозете.