Резултати за пребарувањето: лек

рулек | м.

Мало дете, пеленаче, бебе. Невести со рулци на рацете

лектор | м.

Наставник по практично учење јазик, обично странски, во високообразовна школа.

лекува | несв.

Совладува некоја болест или некоја повреда. Лекарот што го лекува е најдобар во својата област. Старицата знаеше да лекува со тревки.

телекс | м.

Систем од телепринтерски машини преку кои се примаат и испраќаат соопштенија.

млекар | м.

Тој што произведува, преработува или што продава млеко.

облека | ж.

Сето она што човекот го облекува за да се заштити од надворешните влијанија или заради естетски и др. потреби. Детска облека. Долна облека. Цивилна облека. Невестинска облека. Тој не носи стари чевли и облеки.

влекач | м.

Машина, возило за влечење, што се користи за влечење. На влекачите донесоа вагонетки.

полека | прил.

Без брзање, бавно, кроце. Одеше полека. Вежбите ги правеше полека. Тие полека излегуваа од неговата куќа.

клекум | прил.

Во клекната положба, на колена. Сите играа по клекум.

клекуш | м.

клечо.