Резултати за пребарувањето: лек
лекувач | м.
Тој што лекува, а не е лекар, народен лекар. Побара лек од селскиот лекувач.
лексика | ж.
Зборовен фонд, речнички состав на еден јазик, дијалект, на делата на некој писател или речнички слој изделен по некоја особеност (по потеклото, стилистичкото обележје и сл.). Интернационална лексика. Неутрална лексика. Терминолошка лексика.
лелекав | прид.
Што личи на лелек. Лелекава песна.
влекле
Зборот е поврзан со:
лекција | ж.
а) Усно излагање на наставник; предавање. Држи лекции по биологија. б) Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица. Денешната лекција по историја беше интересна. Треба да повториш уште две лекции.
исфлека | св.
Направи флеки на нешто, извалка. Го истури кафето и го исфлека чаршафот.
лелекне | св.
Испушти лелек. Ги стегна забите и не лелекна ниту еднаш.
слекува | несв.
слече.
облекло | ср.
Војничко облекло. Летно облекло.
плексус | м.
(анат.) Сплет од нерви и крвни садови.