Резултати за пребарувањето: лен
лен | м.
(бот.) Едногодишно тревно растение со сини цветови и издолжени листови со влакнесто стебло што се преработува за добивање на суровина во текстилството и со семе богато со масло; Linum usitatissimum.
елен | м.
Четириножно, тревопасно диво животно од родот копитари (преживари) со разгранети рогови кај мажјакот; Cervus elaphus. Европски елен. Азиски елен.
клен 2 | м.
(зоол.) Вид речна риба; Squalius cephalus. На оваа река често ловевме мренки и кленови.
Лена | ж.
Река во Русија.
плен | м.
Благо, стока, имот и сл. освоено сосила, грабнато, одвлечено во војна или украдено. Крадецот избегал со добар плен од куќата. Војникот носеше богат плен во торбата.
член | м.
Припадник на определена заедница, друштво, колективно тело итн. Член на партијата. Член на планинарско друштво. Член на управен одбор. Член на работнички совет. Член на комисија. Тој беше најстар член на семејството.
клен 1 | м.
Вид високо, широколисно дрво од родот јавори; Acer campestre.
ален | прид.
Алов, светлоцрвен. Ален цвет. Усни алени.
билен | прид.
Што е од билје, што се однесува на билје. Билен сок. Билни екстракти. Билна аптека. Билно семе.
долен | прид.
Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина; горен. Долна усна. Долна страна. Долни гранки. Долни скалила.