Резултати за пребарувањето: лен

правоаголен | прид.

Што има прави агли. Правоаголен триаголник. Правоаголна соба.

признателен | прид.

Што изразува чувство на благодарност и не заборава добро дело (услуга, помош и сл.). Тој беше признателен човек и сакаше да му се отплати на домаќинот за неговиот добар однос.

процесуален | прид.

Што се однесува на процес; процесен. Процесуална страна на постапката.

рамноаголен | прид.

Што има еднакви, исти агли. Рамноаголен триаголник. Рамноаголен многуаголник.

самодоволен | прид.

Задоволен од самиот себеси; Самодоволен човек.

Света Елена | ж.

Британски остров во јужниот дел Атлантскиот Океан.

светлозелен | прид.

Што е со бледозелена боја. Светлозелени панталони.