Резултати за пребарувањето: лен

умилен 1 | прид.

Што е тажен, ујаден. Умилено лице.

умилен 2 | прид.

Што е мил, нежен, пријатен. Умилен поглед. Умилен тон. Умилна насмевка. Умилни зборови. Умилна песна.

кленѕа | несв.

омилен | прид.

Што е сакан, допадлив, популарен. Омилена песна. Омилено јадење. Тој беше омилен меѓу своите другари.

оплени | св.

Ограби, опљачка. Тие им го опленија целиот имот.

талент | м.

Вродена способност за нешто, творечка дарба, надареност. Музички талент. Раскажувачки талент.

здолен | прид.

За облека – што е под нешто. Здолна маица. Здолна облека.

несолен | прид.

Што не е солен, што е без сол или што е недоволно солен. Несолено сирење. Несолено јадење.

беленка | ж.

Бел знак, белег. По нивите имаше камени беленки. Тој ораше до беленките.

неволен 2 | прид.

Што се прави или што се јавува без влијание, без учество на волјата; несвесно, ненамерно. На измаченото лице се покажа неволна насмевка. Чекореше по патчето обземен од неволни мисли.