Резултати за пребарувањето: лен

трансверзален | прид.

Што е поставен напреку, не по должина на нешто, напречен. Трансверзален пат.

традиционален | прид.

Што се однесува на традиција, што е заснован врз традиција, што се пренесува по традиција. Традиционален обичај. Традиционална носија. Традиционално јадење. Традиционални игри и песни.

територијален | прид.

Што се однесува на територија. Територијална поделба.

сообразителен | прид.

Што се сообразува со нешто.

слабоосветлен | прид.

Што не е добро осветлен, што е со слаба светлост. Слабоосветлена улица. Слабоосветлена крчма.

сентиментален | прид.

Што може лесно да се расчувствува, претерано чувствителен; емотивен. Сентиментални луѓе.

сензационален | прид.

Што предизвикува сензација, способен да предизвика сензација. Сензационални вести. Сензационален настап. Сензационална изјава.

самозадоволен | прид.

Што е уверен во сопствените способности и достоинства. Самозадоволен израз. Самозадоволна насмевка.