Резултати за пребарувањето: лен

локален | прид.

Што е ограничен на едно место, што е својствен за една средина; местен. Локален говор. Локалниот сообраќај. Локална анестезија.

печален | прид.

Жален, тажен. Печален поглед. Печална разделба.

пепелен | прид.

Што е со пепел, што содржи пепел. Пепелна вода.

заплени | св.

Одзее туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции. Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје.

летален | прид.

Што е смртоносен, убиствен. Летална доза.

перален | прид.

Што служи за перење; Перална машина.

заплена | ж.

Одземање имот; конфискација. Заплена на оружје. Заплена на стока.

зелено- | претс.

дека означеното со вториот дел од сложенката е зелено: зеленоок.

лојален | прид.

Што ги почитува законите, вообичаените норми.

запален 1 | прид.

Глаголска придавка од запали.