Резултати за пребарувањето: лен

безделен | прид.

Што поминува време во безделие, што не се занимава со ништо. Безделните и богати луѓе пронајдоа нова забава.

тактилен | прид.

Што се однесува на осетот за допир, на осетливоста, сензибилитетот. Тактилна осетливост.

теглилен | прид.

Што е исполнет со маки, тежок, макотрпен.

јагленар | м.

Тој што прави и / или што продава јаглен. Јагленарите работеа до доцна.

валентен | прид.

Што има валенција.

безволен | прид.

Што е без волја, нерешителен, рамнодушен. Безволен, неамбициозен, млад човек. Безволен болник. Тој ги осудуваше безволните луѓе.

суптилен | прид.

Префинет, нежен, истанчен. Суптилен тон. Суптилен прелив на боја. Суптилни разлики.

иселеник | м.

Лице што се иселило од родната земја во друга на постојано живеење. Голем е бројот на нашите иселеници во светот.

обмислен | прид.

Што е претходно добро, внимателно разгледан, проучен, анализиран. Обмислен говор. Обмислено решение.