Резултати за пребарувањето: лен
илегален | прид.
Што не е легален, што не е во согласност со законот; незаконит.
изобилен | прид.
Што го има во изобилство, многу. Изобилен род. Изобилно јадење.
бршленов | прид.
Што е од бршлен. Бршленов венец.
игленица | ж.
Безопасна игла, игла со сигурносен начин на закопчување; безопасна.
триделен | прид.
Што има три дела, што се состои од три дела. Триделен костум. Триделен лист.
нереален | прид.
Што нема основа во реалноста, што е надвор од реалноста; невистински. Нереален свет.
пеленаче | ср.
Новороденче, бебе, доенче. Голо пеленаче.
брутален | прид.
Претерано груб, суров, безобѕирен. Тие биле мачени и брутално убивани.
зимзелен | прид.
Што е зелен и преку зима. Ги гледав зимзелените дрвја во дворот.
зеленчук | м.
Разни градинарски растенија (домати, пиперки, спанаќ, зелки итн.) што се употребуваат како храна, свежи или приготвени. Ран зеленчук. Свеж зеленчук. Градина со зеленчук. Супа од зеленчук. Месо со гарнир од мешан зеленчук.