Резултати за пребарувањето: лен

разголен | прид.

За делови од телото ‒ што се голи, непокриени со облека. Рацете му беа разголени до лактот. Ги спушти разголените нозе во реката. Разголени гради. Разголен грб.

звателен | прид.

разделен | прид.

Што содржи две можности кои меѓусебно се исклучуваат; дисјунктивен. Разделна реченица. Разделни сврзници.

глобален | прид.

Што е целокупен, вкупен, сеопшт. Во овој осврт авторот дава глобален преглед на поранешната и на сегашната состојба.

пленство | ср.

Таа есен тој се врати од пленство.

милениум | м.

Период од илјада години.

опржален | прид.

Што е малку изгорен, подгорен од пламен. Млитаво ги дига опржалените клепки.

ментален | прид.

Што се однесува на свеста и на духот; духовен, душевен. Заостанат ментален развој.

пленички | прид.

Што се однесува на пленик. Пленички логор.

умоболен | прид.

Душевно болен. Умоболните ги праќале во манастир.