Резултати за пребарувањето: лен
запленет | прид.
Што е одземен, конфискуван; Запленет имот. Запленето оружје.
петролен | прид.
Што се однесува на петрол.
членство | ср.
Членови на организација земени како целина. Членството на партијата бара промени во програмата.
мастилен | прид.
Што е во врска со мастило или потекнува од мастило. Мастилно пенкало.
сервилен | прид.
Што се држи понизно пред некого, робовски, што е претерано послушен. Сервилен човек.
гелендер | м.
Ограда на скали. Скалите беа дрвени, со бели гелендери.
галениче | ср.
Дем. од галеник.
мануелен | прид.
Што се работи со раце, што работи физички. Мануелна работа. Мануелен работник.
прашален | прид.
Што содржи или изразува прашање. Прашален поглед. Прашален израз.
премален | прид.
Што е исцрпен од глад, од работа и сл. Премален старец. Премален од работа.