Резултати за пребарувањето: лен
пленички | прид.
Што се однесува на пленик. Пленички логор.
петочлен | прид.
Што е составен од пет члена. Петочлена комисија.
плурален | прид.
Што се однесува на плурал. Плурална наставка. Плурални форми.
безжален | прид.
Што е без жал, без сожалување, бездушен, безмилосен. Безжален убиец. Безжални луѓе.
подмолен | прид.
Што е подјаден, ископан од вода под карпа, дрво и сл. Подмолно место. Подмолен вир.
паушален | прид.
Што е приближно определен. Паушален износ. Паушална наплата.
аномален | прид.
Што е неправилен, што е ненормален. Аномална појава.
пониклен | прид.
Што е обложен со никел; пониклуван.
епохален | прид.
Што обележува една епоха; голем, значаен, важен. Епохално дело. Епохален настан. Епохални вредности.
епителен | прид.
Површински, тенок. Епително ткиво. Епителен слој.