Резултати за пребарувањето: лик

лик | м.

а) Лице (анатомски), изглед на лице, образ. Многу ми е познат тој лик, ме потсетува на некого. Таа имаше девојчински лик. б) Надворешен изглед на човек или животно, на цела фигура. Неговиот подгрбавен лик полека одминуваше.

плик | м.

Хартија превиткана и залепена, со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл.; коверт. Ги отпечати пликовите со адреси. На пликот залепи марка, ја напиша адресата и го пушти во поштенското сандаче. Плик со пари.

блик | м.

Тенок истек на течност од нешто. Блик вода. Бликот од чешмата. Тенок блик млеко му се цеди во устата. Врелите бликови на минералната вода.

лико 1 | ср.

лика 1 | ж.

Таа ги имаше мајчините очи и мајчината лика.

лико 2 | ср.

Кончест, жилест слој меѓу стеблото и кората на некои дрвја што се користи како материјал за плетење и врзување. Врзи ја лозницата со лико. Липово лико.

клик | м.

Извик, восклик.