Резултати за пребарувањето: мир

мир 2 | м.

Свет.

мир 1 | м.

Состојба без возбудување, спокој, спокојство. Душевен мир. Мир и тишина.

мири | несв.

Помирува, смирува. Ги миреше раскараните жени.

умир | м.

Мир, смирување.

емир | м.

Владетел во некои исламски земји.

миро | ср.

Светено масло во христијанските цркви.

мирен | прид.

Што е спокоен, смирен, тивок, послушен. Мирни деца. Мирно време.

кумир | м.

Кип на кој многубошците му се поклонуваат како на божество, идол; фетиш.

мираз | м.

Имот што го донесува жената кај мажот во бракот. Го подготви миразот на ќерките.

Измир | м.

Град во Турција.