Резултати за пребарувањето: мисија

мисија | ж.

Задача, улога од поголемо значење. Ја изврши мисијата на неговиот живот.

емисија | ж.

Испуштање, испраќање светлинска, звучна, електрична енергија, електромагнетски бранови и сл. Емисија на гама-зраците.

демисија | ж.

Оставка од служба, откажување од понатамошно вршење на некоја служба. Поднесе молба за демисија.

комисија | ж.

Група луѓе што е службено назначена или избрана за извршување на некаква задача. Испитна комисија. Лекарска комисија. Дисциплинска комисија.

трансмисија | ж.

Пренесување, пренос. Усна трансмисија на народната поетска творба. Звучни трансмисии.

поткомисија | ж.

Дел од поголема комисија, изделен заради некоја посебна цел, задача. Тие образувале повеќе поткомисии.

радиоемисија | ж.

Пренесување на програма преку радио; програма емитувана на тој начин. Училишни радиоемисии.

суперкомисија | ж.

Комисија од највисок ранг, што има најголеми надлежности.