Резултати за пребарувањето: мраз
мраз | м.
Вода во цврста агрегатна состојба, замрзната вода; лед. Санта мраз. Лимонада со мраз. Во чашата стави три парчиња мраз.
омраз | м.
мрази | несв.
Мрзне, заледува.
мрази | несв.
Чувствува омраза кон некого или кон нешто; не поднесува некого или нешто. Ги мразам јавните аукции. Го мразеше оружјето. Тој ја мразеше политиката. Мрази неправда. Ги учеа да мразат.
мразат
Зборот е поврзан со:
омраза | ж.
Силно чувство на непријателство, злоба, одбивност спрема некого или нешто. Јас не чувствувам никаква лична омраза спрема него. Ме погледна со омраза и премолче.
мразен | прид.
Многу студен, леден; замрзнат. Мразен предел. Мразна ноќ. Мразна вода. Мразно утро. Мразен поглед. Има очи мразни. Мразен укит.
мразно | прил.
Студено, ледено. Се сетив на нив и ми иде штуро, мразно.
омрази | св.
Предизвика омраза кон некого или кон нешто, направи да биде омразен. Изнакажа сè и сешто за учителот за да го омрази во селото.
мразат
Зборот е поврзан со: