Резултати за пребарувањето: мува
мува | ж.
Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови. Муви го лазат месото, ќе го наплукаат. Го облетуваа роеви муви.
умува | несв.
Размислува, анализира нешто. Тој умува со соседите за сите денешни настани.
кумува | несв.
Учествува на венчавка или крштевање како кум. Тој ќе кумува на нашата свадба.
римува | св. и несв.
Избере, избира зборови за добивање рима, сложи, сложува стихови по рима.
момува | несв.
Се однесува, живее како мома, во состојба е на мома.
самува | несв.
Живее сам, одделен од луѓето. Во младоста имаше многу пријатели, а во староста самуваше. Самуваа двајцата на два краја од градот.
зимува | несв.
Ја поминува зимата. Си зимуваа како и другите зими таму на бачилата.
римуван | прид.
Што има рима, што е со рима. Римувани стихови. Римуван текст.
филмува | несв.
Пренесува на филм некој настан, книжевно дело, снима филм.
врамува | глаг. несв.
Зборот е поврзан со: