Резултати за пребарувањето: музика
музика | ж.
а) Уметност изразена преку тонови, тонска уметност. Вокална музика. Инструментална музика. Тивка музика. Духовна музика. Народна музика. Класична музика. б) Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет. Го запишаа на музика. Студира музика.
музикант | м.
Тој што свири на некој инструмент. Музикантите од оркестарот. Први си отидоа музикантите.
музиканти
Зборот е поврзан со:
музикалии | и.
Музички инструменти, ноти и други потреби на музичарите. Не можам да свирам, не ги носам музикалиите.
музикален | прид.
Надарен за музика. Детето е многу музикално.
џез-музика | ж.
поп-музика | ж.
Забавна музика со едноставна мелодија и силен ритам, особено популарна меѓу младите.
блех-музика | ж.
Музика што се изведува на лимени дувачки инструменти. Дочек со блех-музика, народни песни и ора. Се одгласуваа фолкорни звуци, блех-музика.
музикалност | ж.
Способност за разбирање и чувствување на музиката, дарба за музика. Неговата музикалност е ненаметлива.
немузикален | прид.
Што не е музикален, што нема смисла за музика.