Резултати за пребарувањето: ништи

ништи 3 | несв.

Прави некој или нешто да не суштествува, уништува, сотира, искоренува. Многу брзо ја ништеа тревата. Имаше и такви што им ги ништеа гнездата на птиците.

ништи 1 | и.

Дел од разбојот низ кој се провлечени нишките и со кој тие се движат нагоре-надолу при ткаењето.

ништи 2 | несв.

За ништи на разбој – навива, воведува ништи.

уништи | св.

Упропасти, сотре, погуби, ликвидира. Непријателот го ограбил и го уништил градот. Полицијата го уништи засолништето на бандата. Бомбата ја уништи пругата. Сушата наполно уништи поголем број површини со сончоглед. Пожарот ги уништил сите документи и вредни книги.

поништи | св.

Направи, прогласи за неважечко; анулира. Тој предложи да му се поништи казната. Овој договор треба да се поништи.

доуништи | св.

Уништи нешто или некого сосема, до крај. Невремето ги доуништи градинарските насади.

се ~ ништи

Зборот е поврзан со:

се ~ уништи

Зборот е поврзан со:

се ~ доуништи

Зборот е поврзан со:

самоуништи се | св.

Уништи себеси.