Резултати за пребарувањето: нос
сооднос | м.
Заемен однос, заемна зависност, заемна поврзаност; корелација. Сооднос на силите. Количински сооднос. Хармоничен сооднос.
течност | ж.
Тоа што е течно, што е во течна состојба. Бела течност. Густа течност. Леплива течност. Течност во епрувета. Меур со течност.
дејност | ж.
Опсег, опфат на работа, активност, ангажираност. Книжевна дејност. Општествена дејност. Просветна дејност. Издавачка дејност.
месност | ж.
Место, населба, предел, крај. Месноста беше густо населена.
браноса | св.
Поминува со брана преку орана нива. Тој вчера ја браноса нивата.
можност | ж.
Можно решение, излез од некоја ситуација. Постои можност да се спаси пролетниот род.
обноска | ж.
Начин на однесување, на држење, однос кон другите луѓе. Сите беа восхитени од нејзината обноска. Тој не се промени во обноските со луѓето.
носечки 2 | прид.
Што носи, што е главен, врз кој, кон кој се доградува. Носечки столб. Носечки обележја. Носечка идеја.
носечки 1 | прил.
На нос. Паднал носечки.
наносен | прид.
Што има слој од нанос. Наносна почва.