Резултати за пребарувањето: нос

надноси | св.

Продолжи бременост, носи над потребното време. Жената може и да надноси, да роди подоцна.

наносен | прид.

Што има слој од нанос. Наносна почва.

верност | ж.

Особина на тој што е верен.

носница | ж.

Еден од двата отвора на носот; ноздра.

дејност | ж.

Опсег, опфат на работа, активност, ангажираност. Книжевна дејност. Општествена дејност. Просветна дејност. Издавачка дејност.

нослест | прид.

Што има голем нос.

носовка | ж.

Носова самогласка.

износок | м.

Мало деформирано јајце, кое, според народното верување, претскажува несреќа.

носорог | м.

Голем тревопасен цицач со еден или два рога на предниот дел од главата; Rhinоcerоs.

јавност | ж.

Множество информирани и упатени граѓани што учествуваат во општествениот и политичкиот живот, а со својот активен однос го формираат и го изразуваат јавното мислење. Македонската книжевна и културна јавност. Европската фолклористичка јавност. Пошироката јавност.