Резултати за пребарувањето: око
докове | св.
Кове, искове до крај. Докови ги клинците на штицата.
докопа | св.
Заврши со копањето. Ја докопавме пченката.
околен | прид.
Што е во околината, ближен, соседен. Околни села. Околни планини. Околни куќи.
докоси | св.
Заврши со косењето. Ја докосивме ливадата.
покопа | св.
Копа малку, донекаде или уште малку.
покори | св.
Потчини, пороби, завладее со сила на својата власт. Тие ги покориле народите на ова подрачје.
покоси | св.
Изврши косење; косиТој ги покоси тукушто потераните млади стебленца.
покове | св.
Кове малку, кратко време;
покоен | прид.
Умрен, починат. Мојот покоен татко. Со мојот покоен маж многу маки видов. Се сети на својата покојна мајка.
кокори | несв.
Гледа со широко отворени очи. Во крчмата сите ги кокореа очите кога на две голтки празнеше оканица. Кога ќе се појавеше таа, сите ги кокореа очите.