Резултати за пребарувањето: оро

пороен | прид.

Што е како порој; непредвидлив. Пороен дожд. Поројна вода.

дороси | св.

Престане да роси. Надвор полека дороси.

порота | ж.

Судско тело составено од граѓани, што учествуваат во донесувањето пресуда.

заорок | м.

Прва бразда во орањето. Само што го заврши заорокот, коњот застана.

пророк | м.

(рел.) Во различни религии ‒ толкувач на божјата волја. Библиски пророци. Лажни пророци.

пороби | св.

Одземе независност, фрли во ропство, претвори во роб. Кога ја поробија земјата, тој зеде пушка и замина в планина. Тие го поробиле народот и го присилувале да се изразува на туѓ јазик.

тророг | прид.

короса | св.

Фати кора, се здрви по површината. Мразови му ја коросаа снагата.

оросат

Зборот е поврзан со:

горолом | м.

Планинско место каде што ветрот ги турнал или ги навалил дрвјата. Во габеровата гора негде имаше густеж, негде горолом.