Резултати за пребарувањето: пат

патос 1 | зам.

Восхит, занес, силно воодушевување, ентузија Поетски патос. Револуционерен патос.

патец | м.

Линија што ја разделува косата на две страни. Патец на средина. Крив патец. Патец на десната страна.

патос 2 | м.

Под од штици, душеме.

патче 2 | ср.

Патека. Кривулесто патче. Козјо патче. Тесни патчиња.

патем | прил.

По пат; за време на патување. Патем го мачеа многу мисли. Патем, во возот, расправаа за настанот. Патем им се придружија други селани.

патар | м.

Тој што работи на поправање и одржување на патишта.

запат | м.

Животно за приплод. Од стадото одделија неколку запати.

патка | ж.

Водна птица со широк и плоскат клун, со кус врат и куси нозе со широки стапала приспособени за пливање; Anas.

отпат | прил.

Настрана од патот, од правецот на движење. Не одам често на тој пазар, отпат ми е.