Резултати за пребарувањето: пат

патос 2 | м.

Под од штици, душеме.

патче 1 | ср.

Младо од патка. Диви патчиња.

патен | прид.

Што се однесува на патување, на пат. Патен билет. Патна торба. Патни сметки. Патен налог.

патка | несв.

Се гега, се ниша при одење, оди несигурно. Таа паткаше несигурно по тревата.

патем | прил.

По пат; за време на патување. Патем го мачеа многу мисли. Патем, во возот, расправаа за настанот. Патем им се придружија други селани.

дупат

Зборот е поврзан со:

патец | м.

Линија што ја разделува косата на две страни. Патец на средина. Крив патец. Патец на десната страна.

патка | ж.

Водна птица со широк и плоскат клун, со кус врат и куси нозе со широки стапала приспособени за пливање; Anas.

патар | м.

Тој што работи на поправање и одржување на патишта.

патор | м.

Мажјак од патка, пајка; Anas mas.