Резултати за пребарувањето: пат

капат

Зборот е поврзан со:

патент | м.

а) Официјален документ, потврда за правото на користење или продавање на определен изум, пронајдок. б) Изум или процес заштитен со ваков документ.

патика | ж.

Лесни обувки од кожа, платно, гума и сл. што најчесто се користат за спортување и рекреација. Момчиња во бели патики.

патник 1 | м.

Тој што патува пеш или со некакво превозно средство (автобус, воз, брод и сл.) Ноќен патник. Преморен патник. Патници со куфери и билети во рацете. Патници на перон. Вселенски патник.

апатии

Зборот е поврзан со:

влепат

Зборот е поврзан со:

патило | ср.

Страдање, мака, беда, зло, напаст. Душевно патило. Живот со големи патила. Патила на народот.

чепати | несв.

За уста, нозе и др. ‒ шири, широко отвора. Му ја чепатеа устата на ждребето да му наместат узда. Кучињата се касаа, ги чепатеа муцките.

напати | прил.

Понекогаш, не постојано, не секогаш. Напати ќе го чуев како си потпевнува. Напати стануваше неподносливо. Имаше обичај напати да зборува тивко, одвај чујно. Се обидуваше напати со нешто да ни помогне.