Резултати за пребарувањето: пепел

пепел | м.

Ситни остатоци во форма на прав од согорување на дрво, јаглен, цигара и сл. Жар и пепел. Пепел во огништето. Вжештена пепел. Црн пепел. Пепел од цигара.

пепелен | прид.

Што е со пепел, што содржи пепел. Пепелна вода.

пепелот

Зборот е поврзан со:

пепелта

Зборот е поврзан со:

пепелав | прид.

Што е покриен со пепел. Пепелаво жарче.

спепели | св.

Претвори во пепел. Пожарите ги спепелија шумите.

пепелар | м.

Тој што приготвува и продава пепел.

пепелари

Зборот е поврзан со:

пепелник | м.

Место каде што има или каде што се чува пепел. Тој ја извади лопатата од пепелникот.

испепели | св.

Направи, извалка, излепи со пепел. Си ја испепели блузата.