Резултати за пребарувањето: под
поджугне | св.
За растенија ‒ никне, потера малку над земјата. Расадот поджугнал, ќе го биде.
подбуцне | св.
Буцне малку, до одреден степен. Подбуцни го огнот, загаснал.
подолади | св.
Олади, излади малку, донекаде. Подолади го бостанот во реката, па да каснеме малку.
подврива | несв.
Врие по малку, слабо.
подреден 1 | прид.
Што е нареден по некој систем, по некој ред. Убаво подредените книги ги чекаа своите читатели.
подизмие | св.
Измие малку, во ограничена мера. Го подизми бурето за зелка.
подбутне | св.
Турне, оттурне нешто малку, слабо. Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот. Ги подбутна дрвата во огнот подобро да горат.
подозрив | прид.
Што предизвикува подозрение. Подозрив поглед.
подајник | м.
подозира | несв.
Има, изразува подозрение во некого или во нешто. Никој не подозираше дека ќе се случи тоа.