Резултати за пребарувањето: под
подземен | прид.
Што е под површината на земјата. Подземни води.
подгризе | св.
Со гризење оштети одоздола. Глувците го подгризале килимот.
подбричи | св.
Избричи оддолу, по краиштата. Берберот му ги подбричил мустаќите.
подникне | св.
За растение ‒ никне само малку. Пченицата подникнала. Компирот подникнал.
подавање | глаг. им. ср.
Зборот е поврзан со:
подмолен | прид.
Што е подјаден, ископан од вода под карпа, дрво и сл. Подмолно место. Подмолен вир.
подмлачи | св.
Смлачи, стопли малку, донекаде. Го подмлачи јадењето.
подзбере | св.
Донекаде збере, собере нешто расфрлано. Ги подзбра алиштата на куп и ги пикна во плакарот.
подгради | св.
подмлади | св.
Направи некој или нешто да добие помлад изглед. Фризерката ме подмлади со новата фризура.