Резултати за пребарувањето: под

подзаврти | св.

Заврти малку, во ограничена мера. Ја подзаврти главата во знак на негодување.

подзаврне | св.

За дожд, снег и сл. ‒ врне слабо, малку. Дождот подзаврнал пред тоа и во воздухот се чувствуваше свежина.

подражава | несв.

Прави нешто како што го прави тоа некој друг, имитира некого или нешто. Девојчето ја подражава вујна си во начинот на одењето. Тој се обидуваше да ги подражава птиците потсвиркувајќи им со уста.

подбричат

Зборот е поврзан со:

подведат

Зборот е поврзан со:

подвијат

Зборот е поврзан со:

подланица | ж.

Трева што расте во житото; Caucalis daucoides. Житото е чисто, пречисто, од граор, од трторика, од зла трева подланица.

поданство | ср.

(арх.) Припадност на граѓанинот кон дадена држава; државјанство.

подлактен | прид.

Глаголска придавка од подлакти.

подлактен | прид.

Што се наоѓа меѓу лактот и дланката на раката. Подлактни коски.