Резултати за пребарувањето: под
поддадат
Зборот е поврзан со:
подражава | несв.
Прави нешто како што го прави тоа некој друг, имитира некого или нешто. Девојчето ја подражава вујна си во начинот на одењето. Тој се обидуваше да ги подражава птиците потсвиркувајќи им со уста.
подработи | св.
Работи малку или кратко време; поработи. Подработи едно лето во дуќанот, па се откажа.
Подгорица | ж.
Главен град на Црна Гора.
подочници | и.
Дел од лицето под очите.
подгорат
Зборот е поврзан со:
подгорен
Зборот е поврзан со:
подзаспие | св.
Заспие малку, за кратко време. Одвај подзаспа, кога некој тропна на џамчето.
подзаспан | прид.
Што е во полубудна состојба, заспан донекаде, не сосема. Лежи тој така, подзаспан, кога слуша некој тропа на вратата.
подофицер | м.
Воено лице со помал чин од офицерскиот.