Резултати за пребарувањето: под

неподврзан | прид.

За книга – не е подврзана, нема повез. Неподврзан учебник.

подлутнува | несв.

За јадење ‒ лути малку, во некоја мера. Пинџурот подлутнува малку.

подзагубен | прид.

Што е донекаде изгубен, пропаднат. Тој е речиси подзагубен човек.

подзагрижи | св.

Загрижи некого со нешто, со некоја постапка малку, донекаде. Кога го видов, ме подзагрижи неговиот изглед.

подзагреан | прид.

Што е загреан, донекаде малку, за храна и сл.

подлизурко | м.

Лице што се подлизува, што се додворува лицемерно. Такви подлизурковци и шпиони имаше колку ти душа сака.

подзагледа | св.

Загледа малку, донекаде со нагласен интерес;

подзагатне | и.

Загатне малку, во мала мера. Соседот подзагатна нешто за новите случувања во улицата, ама не рече ништо одредено.