Резултати за пребарувањето: поп
попрчи се | св.
Се прчи, се прави важен, се фали малку, некое време. Излезе да се попрчи со новиот велосипед.
попишувач | м.
Лице што врши попис.
попишмани | св.
Направи некој да се откаже од својата намера, план и сл., да се предомисли. Тој сакаше веднаш да замине, но јас го попишманив.
попрошири | св.
Направи нешто да стане малку пошироко. Тој го попрошири станот.
попрошета | св.
Прошета некого малку, некое време. Таа го попрошета детето во паркот.
попрочита | св.
Прочита малку, делумно нешто. Го попрочита весникот и заспа.
попатниот
Зборот е поврзан со:
попишаа
Зборот е поврзан со:
попискаат
Зборот е поврзан со:
попрореди | св.