Резултати за пребарувањето: поп

попости | св.

Пости малку или некое време. И тој попости неколку дена.

поплава | ж.

Излевање вода (од река, од езеро и сл.) и плавење на околните пониски места. Реката ги поплави околните ниви. Си направил поплава во дворот.

поплати | св.

(дијал.) Обложи со постава. Палтото му беше поплатено со шарена постава.

поплави | св.

За река, езеро и сл. – се излие преку брегот и ги прекрие околните места. Реката го поплави полето.

попосле | прил.

Компаратив од после – малку подоцна. Тој им вети дека попосле ќе дојде кај нив.

попошти | св.

Пошти малку, некое време.

попадне | св.

(книж.) Се најде на некакво место, во некаква ситуација. Се чудеше како можело ковчежето да попадне во наши раце. Таа беше попаднала во некаков тивок очај.

пополни | св.

Дополни нешто што недостига, зголеми до потребниот број. Испразнетото место го пополнивме со нов работник.

попишка | св.

Офка, лелека од болка некое време.