Резултати за пребарувањето: поп
поплака | ж.
Изразување незадоволство од некоја неправилност, протестирање против некого или нешто. Сѐ повеќе се слушаат поплаки дека учениците не учат. Тој ги слушаше нејзините поплаки за изгубените муштерии, за должниците.
поплати | св.
(дијал.) Обложи со постава. Палтото му беше поплатено со шарена постава.
попрати | св.
Придружи некого до некаде; испрати 3. Тој ја попрати до дома. Детето го попратив војник.
попатка | ж.
Камилица, боливач; Matricaria chamomilla.
поправи 1 | св.
Отстрани дефект, неисправност на нешто; оспособи за употреба, работа. Тие ја поправија стреата на куќата. Мајсторот ја поправи машината за перење.
вртипоп | м.
Камилица, боливач; Matricaria chamomilla. Ја праќаа од дома да бере вртипоп или шипки за чај.
попатен | прид.
Што се наоѓа покрај пат. Попатна станица.
попашка | св.
Гони, прогонува некого кратко време.
поплаче | св.
Плаче малку, некое време. Кога си дојдов дома, си поплакав и ми олесни.
поправи 2 | св.
Прави, врши нешто малку, кратко време. Тој застана да поправи муабет со соседот.