Резултати за пребарувањето: порта

порта | ж.

Голема дворна (куќна) врата откај улицата. Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот. Излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.

портал | м.

Раскошно украсен главен влез во црква, палата или голема зграда; главна врата. Стигнав пред црквата, чиј огромен централен портал беше на самата улица.

портар | м.

Вратар.

портабл | бр. прид.

Што може лесно да се носи, да се пренесува од едно место на друго. Портабл-машина за пишување. Портабл-телевизор.

портали

Зборот е поврзан со:

портари

Зборот е поврзан со:

рапорта

Зборот е поврзан со:

портарка | ж.

Жена што постојано е пред порти и разговара, озборува со соседите.

портален | прид.

Што се однесува на портал.

портарки

Зборот е поврзан со: