Резултати за пребарувањето: ремен

ремен | м.

Цврста лента од кожа или од некој друг материјал со различни намени, обично служи за пристегнување на облеката кон телото. Кожен ремен. Убав ремен. Црн ремен на сиви панталони. Ремен со златна тока.

бремен | прид.

Жена што е трудна, што носи плод. Сосетката беше бремена, очекуваше пород. Мода за бремени жени.

кремен 1 | м.

Многу тврд камен што пушта искри при удар. Запали оган со кремен. Направи плочник од кремен

ремени

Зборот е поврзан со:

тремен | прид.

Што се однесува на трем. Тремен ѕид. Тремна врата. Тремни столбови.

кремен 2 | прид.

Што е од многу тврд камен. Кремен темел. Кремен плочник.

стремен | м.

Вид узенгија. Ја стави ногата во стременот и го јавна коњот

опремен | прид.

Што е снабден, обезбеден со потребната опрема. Во училиштето има кабинети и добро опремени лаборатории.