Резултати за пребарувањето: род
слепороден | прид.
Што е слеп по раѓање. Слепородено дете.
сонародник | м.
Тој што е од ист народ со некој друг. Сонародници во странство.
прародител | м.
попродолжи | св.
Потрае малку подолго од предвиденото време; одолжи. Состанокот ќе попродолжи.
попреброди | св.
Преброди малку, донекаде. Веќе ги беа попребродиле тешкотиите.
плодородие | ср.
Својство на тоа што е плодородно.
плодороден | прид.
Способен да дава плод, што дава многу плод; плоден. Плодородна сорта. Плодородна земја. Плодородни полиња.
второроден | прид.
Што е роден по првиот. Второроден син.
родословје
Зборот е поврзан со:
облагороди | св.
Направи некој да стане поблагороден, подобар во морален поглед. Мајчинството ја облагороди нејзината душа. Таа ја облагороди неговата личност.