Резултати за пребарувањето: рт
тртори | несв.
Дрдори, брбори. Трторат жените в куќа.
нацрта | св.
Направи цртеж, прикаже некого, нешто, наслика со молив, со боја и сл.
на'рти | св.
Пушти повеќе 'ртулци, 'рти во големо количество. Компирите веќе на'ртиле.
десерт | м.
Јадење што се послужува и што се зема по главното јадење (торта, колаче, овошје, сирење и сл.). Можеш да избереш, има три вида десерт.
партер | м.
Простор за публиката на приземјето на сала, кино, театар и сл.
картоп | м.
Вид украсно дрво, со бели топчести цветови, чија кора се употребува како лек; Viburnum opulus.
картон | м.
Дебела, цврста и крута хартија добиена со посебна обработка. Прозорците беа затворени со картони. Ракописот го чуваше во корици од картон.
Картум | м.
Главен град на Судан.
Спарта | ж.
Антички град-држава на Пелопонез; град во денешна Грција.
суртук | м.
Скитник, безделник.